ЈАВНА ДИСКУСИЈА: Подготовка на програмата за ПГС по ИПП меѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија 2014 – 2020 г.

Во текот на м.Ноември 2013 г., со првата седница на Заедничката Работна Група, беше започнат процесот за подготовка на програмата за Прекугранична Соработка по Инструментот за Претпристапна Помош меѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија 2014 – 2020 г. Програмата се подготвува врз основа на резултатите од така наречената ситуациска анализа која истражува повеќе социјално – економски фактори (економија, инфраструктура, транспорт, животна средина, демографија, пазар на трудот, образование, културни односи и др.), редовните консултации и примените од заедничката работна група предлози, како и предлозите на соодветните заинтересирани страни во прекуграничниот регион. Дополнително ќе бидат земени во предвид и резултатите од исполнуваните претходни програми за соработка. Во согласност со новите насоки за развој на европската кохезивна политика, во програмскиот период 2014 – 2020 г. ќе биде барана поголема тематска концентрација врз програмите за прекугранична соработка.

Во врска со тоа, важен чекор во процесот на изготвување на програмата, е извршувањето консултации со заинтересираните страни во однос на формата и содржината на идната програма. Оваа широка јавна дискусија има за цел да го даде својот суштински придонес кон целосниот процес на програмирање преку споделеното искуство и ноу-хау на сите заинтересирани учесници. Освен тоа, дискусијата треба да помогне за идентифицирањето на посебни услови и очекувања во врска со новата програма меѓу потенцијалните целни групи.

Во врска со погоре наведеното, Ви предлагаме прашалник, преку кој секое заинтересирано лице може да го даде неговиот придонес во разработувањето на идната програма за Прекугранична Соработка по Инструментот за Претпристапна Помош меѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија (2014 – 2020 г.). Целта на овој прашалник е да собере информација за вашите очекувања во однос на опсегот и содржината, како и за други важни аспекти во идната програма.

Прашалникот може да биде превземен од наведената врска:


Bulgarian Online fill-in [Bulgarian]

Macedonian Online fill-in [Macedonian]

English Online fill-in [English]

 

Ви благодарам за соработката!